Габриел Бајрам останува во притвор во Шутка

Бајрам заедно со неговиот син се осомничени во постапка што скопското обвинителство ја отвори за кривичното дело насилство откако минатата недела во кафеана кршеше шишиња и претепа вработен зашто не му давал да крши чинии

Габриел Бајрам, советник во Град Скопје и син на поранешниот пратеник Амди Бајрам, ќе остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари уште 30 дена.

Основниот кривичен суд во Скопје му ја продолжил мерката, која првично беше осум дена притвор, откако пред една недела Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје против него поведе постапка за кривичното дело насилство.

Тој се товари дека заедно со неговиот 21-годишен, во кафеана кршеле шишиња и претепале вработен зашто не му давал да крши чинии.

„Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцости и закани кон нападнатото лице“,

соопштија од ОЈО Скопје мината недела додавајќи дека вработениот се здобил со тешки телесни повреди по главата и телото.

Инцидентот за кој се гони Бајрам со неговиот син, се случи на 28 јули пред полноќ во угостителски објект во Чаир.

Total
0
Shares
Поврзани објави