Гевгелија: Маж осомничен дека сакал да го убие очувот, повеќепати го избол со нож

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Гевгелија отвори истрага за обид за убиство во која е осомничено едно лице кое повеќепати со нож го избол својот очув.

Настанот се случил пред два дена, на 12 декември, кога осомничениот влегол во домот на очувот. Мал прозорец од домот бил отворен, па осомничениот преку него со рака успеал да ја отворил влезната врата и да влезе. По кратка расправија, според ОЈО Гевгелија, повеќе пати го избол со нож.

„Притоа му нанел тешки телесни повреди – две убодни рани во грбот, длабоки исеченици на левата страна на вратот, лицето и на десната шака. Оштетениот паднал на подот во дневната соба и почнал обилно да крвави. Откако осомничениот си заминал, оштетениот успеал да излезе надвор на улица, каде што го затекнале случајни минувачи кои повикале итна медицинска помош. Пред да падне во кома поради сериозноста на повредите и да биде пренесен на Клиничкиот центар во Скопје, оштетениот успеал да го наведе осомничениот како сторител на кривичното дело“,соопштија од гевгелиското обвинителство.

За осомничениот од ОЈО Гевгелија бараат судот да му определи притвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави