„Го зазедовме Мариупол“, објави Путин и го откажа нападот на челичарницата

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу преку новинската агенција Интерфакс објави дека Русија го зазела Мариупол. Околу 2.000 украински војници сѐ уште се вкопани во фабриката за челик Азовстал, му рекол Шојгу на Путин.

Русија го зазеде Мариупол, рекол Шојгу и додал дека Русија евакуирала повеќе од 142.000 цивили од пристанишниот град што со недели беше под опсада.

Ситуацијата е мирна, што го отвора патот за враќање на цивилите, рекол тој.

1.478 украински борци веќе се предале, но повеќе од 2.000 украински борци сè уште ја бранат металуршката фабрика Азовстал.

Фабриката Азовстал е „безбедно блокирана“.

Ниту едно од овие тврдења не е независно потврдено.

Рускиот претседател Владимир Путин му честитал на Шојгу за успешната операција и рекол дека нема потреба да се упаѓа во фабриката Азовстал, туку дека таа треба да биде блокирана така „што ни мува да не може да излезе“.

Путин ја повторил руската гаранција дека нема да ги убива војниците што ќе се предадат.

Total
0
Shares
Поврзани објави