Грабеж во Стопанска Банка во трговскиот Беверли – влегол маскиран и со пиштол

Грабеж утринава во Стопанска Банка во трговскиот центар Беверли во населбата Капиштец во Скопје.

Според информациите во банката влегло маскирано лице кое било вооружено со пиштол. Со закана кон вработените, со пиштол вперен кон нив, побарал да му ги дадат сите пари. По што лицето избегало со пленот.

Очевидци за А1он сведочат дека сите вработени од банката излегле надвор, а веднаш стасала и полицијата и екипи на крим техника кои вршат увид.

„Денеска (07.06.2023) околу 09.30ч пријавено е дека во експозитура на банка во трговски центар едно лице со закана со пиштол одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“ изјавија од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави