Граѓаните кои го бојкотираа пописот нема да бидат казнети

Годишните одмори, пандемијата на ковид, интензивни работи во земјоделието, ненамерно пропуштање на некој граѓанин, како и скриен и отворен бојкот се причините зошто над 132 илјади лица не беа попишани. И покрај пропишаните казни за бојкот, никој од граѓаните нема да понесе одговорност.

На терен не беа попишани 132 260 луѓе за кои податоците се преземени од административни извори, а причините се неколку, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за РСЕ. Според него, овие луѓе не биле попишани, бидејќи процесот се спроведувал за време на годишни одмори и пандемија на ковид, потоа било период на интензивни работи во земјоделието, а се случувало и попишувачот да пропушти некој, а имало и скриен и отворен бојкот. Конкретна бројка на луѓето кои го бојкотирале пописот нема, додава тоj

„Не можете никогаш да знаете колку е таа бројка. Знаете таа ја кажавме и кога завршивме со пописот околу 10 илјади домаќинства кои јасно се изјаснија дека ќе бојкотираат, ама ако некој не ви отвори врата а внатре слушате дека се тропа и зборува и сл. знаете дека бојкотира“, вели тој.

За овие луѓе, како што наведува, се обезбедени податоци од базите кои ги имаат другите институции во државата, но, изостанува нивната верска, религиозна и етничка припадност, бидејќи тоа не е документирано.

Total
0
Shares
Поврзани објави