Грчките служби рано утрово ја продолжија потрагата по третото исчезнато момче во море кај Халкидики

Продолжува спасувачката акција и потрагата по третиот исчезнат македонски државјанин во Посиди, на првиот крак на Халкидики, откако вчера и завчера беа пронајдени живи неговите двајца пријатели.

– Со првото светло на денот продолжи потрагата на копно и море на Халкидики по 28-годишниот млад човек кој се води како исчезнат. Момче кое, како што открија неговите двајца спасени другари, не знае добро да плива и влегло во морето во саботата попладне, на крајно опасно место, на плажата Мити во Посеиди. Откако го однеле морските струи, тој исчезнал од видното поле на 30-годишниот Иван и 25-годишниот Васил и оттогаш нема трага од него, пишуваат утрово грчките медиуми.

Вчерашната акција, во вода, од воздух и на копно на грчката крајбрежна служба, на военото воздухопловство, на спасувачки тимови и волонтери во Посиди, не донесе резулат во обидите да се пронајде 28-годишниот Македонец.

Total
0
Shares
Поврзани објави