Гувернерот на регионот Херсон вели дека 600 квадратни километри се под вода

– Околу 600 квадратни километри од украинската област Херсон на југот на земјата се поплавени, а 68 отсто се однесуваат на левиот брег на реката Дњепар, кој е под руска окупација, изјави денеска гувернерот на областа Олександр Прокудин.

Тој на Телеграм напиша дека просечното ниво на водата утрово бил 5,61 метар. Околу 14. 000 куќи се поплавени откако украинската брана Каховка беше пробиена, а околу 4.

300 луѓе се евакуирани, јави денеска руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи извор од безбедносните сили.

Браната Каховка, која се наоѓа на реката Дњепар и на линијата на фронтот меѓу украинската територија и регионите под руска окупација, пукна во вторникот.

Total
0
Shares
Поврзани објави