Дачиќ: Пријатели ни рекоа дека Косово во декември ќе аплицира за членство во ЕУ, тоа е лудост

Beograd, 28.10.2022. – Ministar spoljnih poslova Ivica Dacic i ambasadorka u Stalnoj misiji Srbije pri Savetu Evrope Aleksandra Djurovic sastali su se danas u Ministarstvu spoljnih poslova. (BETAPHOTO/MILOS MISKOV)

Не само што се фаќаат за глава сега во Брисел, туку не можат да веруваат дека некој во оваа ситуација, навистина, мисли дека Косово ќе помине, тврди шефот на српската дипломатија

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека српските власти „од пријатели од ЕУ” добиле информација дека Косово во декември ќе поднесе барање за членство во Европската Унија.

„Пред два-три дена добивме информација од нашите пријатели од Европската Унија дека Косово во декември ќе поднесе апликација за членство во ЕУ, што е запрепастувачки. Тоа зборува за нивото на лудост и неразбирање на ситуацијата. Не само што се фаќаат за глава сега во Брисел, туку не можат да веруваат дека некој во оваа ситуација, навистина, мисли дека Косово ќе помине”,изјави Дачиќ на ТВ Прва.

Тој додаде дека српската страна верува дека „нема шанси да помине“ и дека ситуацијата во ОН ја држат „цврсто во свои раце“.

Според Дачиќ, Заедницата на српските општини е единствената причина поради која српската страна го потпишала Бриселскиот договор.

„Приштина сака да го искористи, како што велат, позитивниот моментум за Косово поради Украина“, рече тој и додаде дека сегашната ситуација на Косово е можност да се покаже дали ЕУ стои зад Бриселскиот договор.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече Дачиќ, инсистира на целосна поддршка на барањата на Србите на Косово, со барање да не се преземаат чекори по кои ќе нема враќање назад.

„Не смееме да бидеме етикетирани како виновници и гледате дека Приштина го прави токму тоа“, рече тој.

Главниот преговарач на ЕУ, Мирослав Лајчак, како што рече, им пренел на српските власти дека „сите се лути поради однесувањето на (косовскиот премиер Албин) Курти и го ценат конструктивното однесување на Белград”.

Total
0
Shares
Поврзани објави