Два дена температури до 31 степен , во среда заладување и дожд, внимателно UV зрачењето високо

Утре и во вторник како што веќе најавивме, времето во Македонија ќе биде сончево и многу толп со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

И во Скоспкиот регион во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, како и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 29 и 31 степен. УВ зврачењето ќе биде над 7 затоа лекарите препорачуваат светла облека и заштитни креми.

Пад на температурите на воздухот, засилен северен ветер и локална нестабилност се очекува во среда, и тоа поради влијанието на посвежа воздушна маса од север.

Total
0
Shares
Поврзани објави