Две лица загинаа, голем број се повредени откако падна мост во Република Српска

Две лица загинаа, а голем број се повредени денеска нешто пред 12 часот во Овчар Бања при уривање на пешачкиот мост над Западна Морава, по кој поминувале туристи од Зворник, од Република Српска.

По симнувањето од автобусот, туристите веднаш се упатиле кон мостот, а таму немало никој да ги предупреди за правилото кое малкумина го знаеле, пренесува агенцијата РИНА.

Мештаните и туристите го користеле со внимание мостот, истиот никогаш да не биде преоптоварен, односно на него никогаш немало повеќе од две или три лица, држејќи се на растојание.

Туристите не биле свесни за големата опасност бидејќи пред мостот немало предупредување дека мостот не е во функција, јавува агенцијата.

Евакуацијата на луѓето е во тек, брзата помош е на терен.

Пешачкиот мост е во близина на манастир.

Total
0
Shares
Поврзани објави