Две лица се тешко повредени во несреќа што се случила кај Велес

Две лица се со тешки телесни повреди откако вчера доживеале сообраќајна несреќа на патот Башино Село – Отовица кон езеро „Младост“, информира за МИА д-р Василка Пановска Попстефанова од службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен Дом.

„Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен, а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет“, информира д-р.Пановска Попстефанова.

Од страна на два тима од итната медицинска помош, пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.

На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави