Две недели фантом лекар и давал инфузија на ковид позитивна пациентка дома, по што таа починала

Скопјанка починала во ковид-центар само неколку часа по приемот откако две недели претходно, дома, непознат лекар и давал терапија за која никаде не постои медицинска историја, ниту белешка, дознава „Слободен печат“ од свои извори во Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Случајот го пријавил здравствен работник од ковид-центарот.

Блиски родини на починатото лице дале податок дека лицето било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката во ковид-центарот каде починала.

– Според сите законски прописи, испектори од ДСЗИ веднаш по преставката на здравствениот работник излегоа на терен и утврдија дека матичниот лекар на пациентката и препишал само таблетарна антибиотска терапија, пациентката потоа никогаш не побарала преглед или совет од матичниот лекар и дека не е познато кој, на сега веќе починатата и давал терапија и притоа не оставил никаков пишан документ или извештај. Од тие причини, ДСЗИ случајот го пријави во Министерството за внатрешни работи, посочуваат од Инспекторатот.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) апелираат до граѓаните кои се позитивни на ковид-19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

Директорката на инспекторатот д-р Ирина Бухова, вели дека апелот го упатуваат со цел да ги заштитат граѓаните и нивното здравје.

Total
0
Shares
Поврзани објави