Деветмина починати во пукање во училиште во Белград, убиецот Коста Кецмановиќ уапсен од полицијата

14 – годишниот ученик Коста Кечмановиќ утрово упадна во училиштето „Владислав Рибникар“ во белградски Врачар и уби најмалку осум соученици и чувар во училиштето, а неколкумина се повредени. Тој со пиштол влегол во една училница каде во моментот се одржувал час по историја и запукал кон учениците, откако најпрвин смртно ја застрелал наставничката.

Веднаш по стравичниот настан, српските медиуми го објавија и идентитетот на убиецот. Според информациите од евиденцијата на училиштето, како што пренесуваат српските медиуми, Коста Кецмановиќ, биле одличен ученик од 7-мо одделение кој учествувал и на многу училишни натпревари. Повеќе пати го претставувал училиштето во натпревари по математика и добивал и пофалници за своето знаење. Минатата година, тој го освоил и третото место на општинско натпреварување по историја.

Тамошните медиуми пишуваат дека овој ден е најцрн во Србија.

Total
0
Shares
Поврзани објави