Девојката се качила на вагонот за да снима ТИК ТОК видео, заврши со тешки изгореници на КАРИЛ

Тежок инцидент се случил во Маџари, на железничката станица.  17 годишна девојка со изгореници по грбот и нозете била итно донесена во ургентниот центар, откако било пријавено дека добила струен удар од жиците поставени над вагон од воз.

Девојката е во свесна состојба и е на одделението КАРИЛ. 

Девојката била качена на еден од вагоните на железничката станица Маџари каде дошло до струен удар при што се здобила со повреди. На местото на настанот пристигнале полициски службеници. 

Истрагата се уште е во тек, а според нефицијалните информации девојката се качила на вагонот за да снима ТИК ТОК видео.

Total
0
Shares
Поврзани објави