Девојка загина во Карпош, автомобил ја удрил на пешачки премин

24-годишна девојка загина вечерва во скопската населба Карпош, откако била прегазена на пешачки премин во близина на „Сити мол“, објави А1он.

Девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил „Тојота“ ја удрил и ја фрлил неколку метри, при што се здобила со смртни повреди.

Неофицијално, возачот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил, кој застанал на пешачкиот премин.

Полицијата е на местото и се врши увид.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Боки 13 останува во притвор

Апелациониот суд ја одби како неоснована жалбата на првообвинетиот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13, со што го…