Дедо Павле е спасен, но пат до Галичник преку Јанче е неопходен

Месна заедница Галичник сака да изрази благодарност до директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, Министерство за внатрешни работи и САЕ Тигар, за организирана акција во која беше вклучен хеликоптер на МВР и припадници на специјалните единици со цел да се извлече дедо Павле, постојан жител на Галичник, на лекување во Скопје.

Во невозможност медицински екипи да пристигнат во Галичник поради големи снежни наноси, извлекувањето е направено со имобилизација и повлекување од воздух. Дедо Павле безбедно пристигна во Скопје, згрижен е во Болницата 8ми Септември и му посакуваме брзо закрепнување!

Месната заедница Галичник, сака да потенцира и укаже до сите надлежни институтции дека отвoрањето на зимски пат до Галичник, преку село Јанче, Општина Маврово Ростуше, е неопходност.

Силно апелираме до надлежните институции, во прв ред Јавното претпријатие за државни патишта и Министерствотот за транспорт и врски оваа делница од само 5 километри да се отвори.Истовремено потсетуваме дека постојниот пат Маврово – Галичник е во категорија регионални патишта за кои е задолжително зимско одржување.

Поради географската положба и ориентација, свесни сме дека одржувањето е невозможно во зимски услови. Меѓутоа, токму затоа е потребно да се овозможи алтернативен пристап од јужната страна, отворајќи пат од селото Јанче – делница од само 5 километри! Убедени сме дека тоа државата ќе ја чини помалку отколку вакви инцидентни и итни интервенции кои се тешки и ризични.

Total
0
Shares
Поврзани објави