Десетина загинати и ранети – руски напад со камиказе дронови врз украинскиот главен град Киев

Десетина загинати и ранети – ова е епилогот од најновиот руски напад со камиказе дронови врз украинскиот главен град Киев.

Експлозиите започнаа да одекнуваат рано утрината и продолжија во текот на денот, а не беше поштеден ниту централниот дел на Киев. Градоначалникот на градот Кличко, кој нападите ги нарече терористички акт, посочи дека се спасувачките екипи се уште бараат луѓе од под урнатините на неколку локации и ги повика граѓаните да не излегуваат од засолништата.

Ова е терористички напад. Тоа е тука во историскиот центар. И што направи Русија, тие ја уништија нашата држава, тие го уништија нашиот град, тие убиваат цивили во моментов, и го гледаме тоа секој ден, ова е терористички напад, тоа е вистинското лице на оваа војна. На русите им е потребна Украина без украинци и затоа убиваат цивили.- Виталиј Кличко – Градоначалник на Киев.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Столтенберг, потврди дека ракетите кои експлодираа на територијата на Полска синоќа, убивајќи двајца цивили, не биле истрелани од Русија, туку од Украина

По американскиот претседател Бајден, попладнево и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, потврди дека ракетите кои експлодираа на…