Дипломатот Миле Миленкоски ослободен од притвор

Дипломатот Миле Миленкоски со одлука на Апелацискиот суд во Ниш е ослободен од екстрадиционен притвор каде заврши пред пет месеци по распишана потерница на ерменското обвинителство кое го бараше за вмешаност во извлекувањето на македонскиот државјанин Бранислав Димитријевиќ.

Иако самиот Миленкоски преку отворено писмо до јавноста бараше да му се суди во Македонија, сепак Македонија не поднесе барање за екстрадиција , а вакво барање имало од Еременија, но Миленкоски не беше ниту таму испорачан.

Јавноста за ерменската афера дозна дури по приведувањето на Миленкоски, а ниту една институција засега не презеде одговорност за тоа што Миленкоски не беше приведен во Македонија со распишана потерница иако поседуваше дипломатски пасош и безбедносен сертификат.

Тој во Еременија е осомничен за извлекување на македонскиот државјанин Димитријевиќ кој пак има обвинение во Ерменија.

Total
0
Shares
Поврзани објави