Договорите за парно греење ќе се праќаат и по пошта

Договорите за парно греење ќе се праќаат и по пошта и ќе се постават на веб страницата на АД ЕСМ.

Заклучно со 18.10.2022 , до 11:00 часот, склучени се 950 Договори за снабдување со топлинска енергија со потрошувачите, во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје.

Снабдувачот со топлина апелира до граѓаните да продолжат да пристапуваат кон пунктовите и непосредно да ја регулираат својата правна обврска во однос на испораката на топлина до нивните домови и објекти.

Во меѓувреме, ЕСМ Снабдување подготвува поедноставување на постапката за склучување на нови договори и новите начини ќе бидат достапни во следните денови, за што јавноста ќе биде навремено известена.

Потрошувачите ќе имаат можност самите да го пополнат образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија, кој ќе биде прикачен на веб-страницата на АД ЕСМ и во два примерока да го предадат во еден од Пунктовите, со приложување на увид документ за лична идентификација и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување истиот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во договорот.

Исто така, ЕСМ Снабдување во наредниот период ќе го достави образецот на Договорот за снабдување со топлинска енергија во поштенското сандаче во објектите каде се испорачува топлинска енергија, а потрошувачите ќе треба истиот да го пополнат во два примерока и да го предадат во еден од Пунктовите на ЕСМ Снабдување, со документ за лична идентификација на увид и една фактура (или копија) од претходниот снабдувач. По заверка на договорот, од страна на ЕСМ Снабдување иститот ке биде доставен по пошта на адреса на потрошувачот, наведена во Договорот.

Со новите начини ќе се намали времето на задржување на потрошувачите во пунктовите, со оглед на тоа што документот ќе биде веќе пополнет од нивна страна.

ЕСМ Снабдување ќе воспостави и директни контакти со корисниците кои од лични причини не можат да ги напуштат своите домови, ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом.

Тековно ќе се изнаоѓаат решенија и за други корисници, кои во следниот период ќе бидат отсутни и за истите ќе се определи посебен термин за склучување на договорот, согласно нивните можности.

Total
0
Shares
Поврзани објави