Дојде крај на заложништвото, ниту Мицкоски ниту свети Мицко може да го запре овој проект, порача Груби од Прилеп

Денеска сите заедно споделуваме еден убав ден за сите наши граѓани и цела наша држава. Дојде крајот на заложништвото на Собранието, на проектите и на иднината на граѓаните и на Република Северна Македонија. Оваа владина коалиција од минатиот петок па до денес демонстрира како може да се стави крај на апсолутната блокада и заложништво на иднината на граѓаните. Тоа нема да се толерира, порача денеска вицепремиерот Артан Груби во своето обраќање од Прилеп по повод поставувањето камен-темелник за изградбата на автопатот Прилеп – Битола од Коридорот 10-д.

„Така како што демонстриравме дека е дојден крајот на заложништвото и блокадата, така од денес при изградба на вакви инфраструктурни проекти, најголеми во историјата на нашата земја, упатувам порака дека е дојдено време од денес да се стави крај и на блокадата на нашето европско интегрирање и тоа е веќе започнат проект и нема никој да му застане на пат како што нема да му застане на пат ниту на овој проект за изградбата на автопатиштата. Така што спремете се, качете се сите на овој воз што води кон Брисел и нема кој да го сопре“,изјави Груби.

Според него, фактот дека сите министри и мнозинството во парламентот стојат зад овој проект е најголема гаранција за сите граѓани дека, како што рече, „ниту Мицкоски ниту свети Мицко може да го запре овој проект“. Сите влади, секако и идната влада ќе биде истата која е и денес, ќе го заврши овој проект, дециден беше Груби.

Облечен во бела маица со натпис 10д, Груби им се заблагодари на премиерот Димитар Ковачевски и на сите министри за овој проект, а не пропушти да им се заблагодари и на пратениците за усвојувањето на специјалниот закон за коридорите и на предлог-измените на одредени закони поврзани со изградбата на автопатите на „Бехтел и Енка“.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ПРВА ОПЕРАЦИЈА НА МОЗОК ВО БУДНА СОСТОЈБА: Елитна оперативна постапка на екпертски тим од Клиничкиот центар на Србија врз 19-годишно момче

Експерти од Клиниката за неврохирургија и неврологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија извршија неколкучасовна хируршка интервенција за…