Државата ќе тестира над 8.000 деца за да провери дали има асимптоматски носители на ковид

Ученици од сите основни и средни училишта во Македонија ќе бидат тестирани за коронавирус во наредните две недели, со цел да се утврди дали постојат асимптоматски носители на вирусот меѓу децата и дали тој се пренесува во самите училишта. Скринингот ќе опфати околу 8.200 деца, кои ќе се тестираат по случаен избор, за што ќе се бара и писмено одобрение од родителите.

„Во промили се мери бројот на потврдени случаи на зараза меѓу децата, но многу е тешко да се утврди дали пренесувањето се случило во самото училиште. Не гледаме дека има зголемен број на заразени ученици. Целта на скринингот е да се открие дали има асимптоматски случаи. Со тоа ќе добиеме нови важни податоци за пренесувањето на вирусот во училиштата и за тоа како треба да се организира наставата“, кажа министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додаде дека тестирањето ќе почне следната недела и целата постапка треба да заврши за 10-14 дена.

Total
0
Shares
Поврзани објави