Европол: Човекот кој планирал атентат на Вучиќ , со македонски пасош

Радоје Звицер според информации на Европол, потврдени од МВР на Србија потврдија дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија Вучиќ, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО ДПМНЕ во рамките на обелоденувањето на аферата “мафија” пред помалку од една година откри дека на списокот мафијаши и криминалци кому Спасовски им издал легален македонски пасош но под друго име е токму атентаторот на Вучиќ Радоје Звицер.

Поминува една година, и виновни за оваа афера каде со македонски пасош се стекнале регионални и светски мафијаши, нема.

Освен симболична казна за неколку службеници во МВР кои треба да бидат колатерална штета нема одговорност за вистинските организатори на ваквата мрежа за издавање на македонски пасоши.

Total
0
Shares
Поврзани објави