Едно лице утринава загина во новиот руски ракетен напад врз Запорожје

Едно лице утринава загина во новиот руски ракетен напад врз Запорожје, каде врз јавни институции беа истрелани 12 ракети С-300, објави на каналот Телеграм регионалната воена управа на овој украински град.

Агенцијата Укринформ, цитирајќи ги локалните украински власти, наведе дека две ракети погодиле автосалон, при што загинало едно лице.

Другите ракети погодиле една образовна и една медицинска установа, како и едно училиште.

Од утринава во централниот, јужниот и западниот дел на Украина повторно се слушаат аларми за воздушна закана, јавија британските медиуми.

Според најновите податоци на украинските власти во вчерашните жестоки руски ракетни напади врз  повеќе градови во Украина загинале најмалку 19 лица, а 105 се ранети.

По нападите. во кои цел беа и електраните, без струја останаа и се уште се околу 300 локалитети во земјата.

Total
0
Shares
Поврзани објави