Еквадор: Полицијата заплени 3,5 тони кокаин наменети за Европа

Еквадорските власти пронајдоа 3,5 тони кокаин во две одделни заплени на дрога, откриени во контејнери со банани наменети за испорака во Европа.

Еден од контејнерите бил наменет за испорака во Велика Британија, а другиот до холандското пристаниште Ротердам, извести полицијата.

Во едениот случај, властите пресретнале камион со контејнер на пристаништето Гвајакил и пронашле 92 кутии во кои имало вкупно 2.300 пакувања од по еден килограм кокаин.

Во друг контејнер, кој бил пронајден во истиот регион, полицијата запленила 87 кутии во кои имало 1.218 пакувања со кокаин.

Во двата случаи на заплена на дрога, по едно лице е уапсено.

Инцидентот се случил само еден ден откако еквадорската полиција пронајде кокаин во стан во градот Манта, кој бил скриен во лименки туна наменети за извоз.

Total
0
Shares
Поврзани објави