Ексклузивно фото: Рускоска во таверна во рибарско селце во Грција

Од попладнево шефицата на одделот за Организиран криминал e на одмор во соседна Грција. Таа уживаше во еден ресторан на првиот крак. Долго траеше ручекот со нејзини блиски. Околу неа немаше ниту телохранители ниту службени возила на обвинителството. Но таа доста често го прoверуваше мобилниот телефон .

Не сакајќи да ја вознемируваме претпоставуваме дека заминала со блиски луѓе да одмори. На првиот крак вообичаено е полно од летувалци и викендаши од Македонија и Србија. Во моментов полуостровот е полу празен , a капацитетите се околу 30 проценти полни. Дуќаните и рестораните допрва се подготвуваат за престојната летна сезона.

Неа Скиони

Рускоска не ручаше во познатите летувалишта на Македонците, туку во приморско селце до кое се стигнува по спореден пат преку поголемо брдо. Местото се вика Неа Скиони и освен странски туристи, ретко може да се најдат наши луѓе освен по некој рибар. Тоа е мало пристаниште со мала плажа неколку неколку ресторани и прекрасен поглед.

Денеска во судките кругови беше актуелна пресудата за екс премиерот Груевски кој доби нови години затвор. Се додека не се врати во државата или не биде екстрадиран секоја пресуда за него е само пишување години, бидејќи тој има право да бара повторно судење. Рускоска деновиве беше актуелна по договорот со Камчев со кој казната затвор за затајување данок и перење пари овозможи за прв пат во историјата на државава ,да се направи договор за плаќање на долг и мала затворска казна. к

Камчев казната дури и нема да ја одлежи во Идризово или Шутка туку во Струга.

По тулбулентниот период околу големите судски предмети Рускоска сепак реши да одмори во тивко приморско грчко селце со познати грчки специјалитети во рибен ресторан.

Фото: Досие

К.Мачкиќ

Total
0
Shares
Поврзани објави