Загина бразилската манекенка која се бореше во редовите на елитните единици на Украина

Триесет и девет годишната поранешна бразилска манекенка Талита до Вале, член на елитната снајперска единица на Украина, која документирала воени подвизи на YouTube, била убиена за време на руски ракетен напад во градот Харков.

Во нападот загинал и нејзиниот придружник, поранешен војник на бразилската армија откако се обидел да ја извлече Талита од погодениот со проектил бункер во кој таа се наоѓала Талита била единствената членка на тимот што го преживеала првиот ракетен напад врз овој бункер, но за неполна минута бункерот бил погоден со уште еден проектил.

Талита имала искуство и во претходни конфликти бидејќи се борела против Исламската држава во Ирак, што го документирала на нејзиниот канал на Јутјуб.

Total
0
Shares
Поврзани објави