Загина пациент во пожар во болница во Будимпешта

Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што денеска избувна во болница во центарот на Будимпешта, соопштија локалните власти.

Според портпаролката на унгарската полиција, Анџелика Молнар, пожарникарите успеале да го изгаснат пожарот во болницата и додаде дека засега не е позната причината за пожарот.

Портпаролот на итната служба Мате Кисди изјави дека пожарот избувнал на приземјето, а потоа се проширил во соседната соба.

Пожарникарите евакуирале 56 пациенти на безбедно.

Total
0
Shares
Поврзани објави