Загина пешак во Ѓорче Петров, прегазен од автомобил

Човек загина вечерва кај општината Ѓорче Петров, откако во него удрил автомобил.

– Пријавено е дека кај Општина Ѓорче Петров, патничко моторно возило „Ауди” удрило пешак. Пешакот починал, велат од МВР.

Засега нема информации за возраста на загинатиот, како ни за околностите под кои се случила несреќата. МВР најави дека откако ќе заврши увидот, ќе соопшти официјална информација.

Total
0
Shares
Поврзани објави