Заев вели дека ќе остане премиер додека не ги заврши преговорите со Алтернатива и да види што ќе биде со Бугарија

Прво да завршат преговорите со Алтернатива, да се види како ќе одат преговорите со Бугарија, па дури тогаш премиерот Заев би ја активирал оставката. Ова тој вечерва го изјави за ТВ Телма.

„Прво треба да се завршат преговорите за парламентарното мнозинство со Алтернатива. Ако се заврши и јавно објави, ќе се направи проценка со стабилно и зголемено парламентарно мнозинство да се влезе во Парламентот со постапка за избор на влада со Алтернатива, а во зависност од преговорите со Бугарија. Една од најзначајните причини поради која Алтернатива би влегла во влада е да обезбеди стабилна влада и стабилно мнозинство поради почеток на преговорите со ЕУ“, вели Заев.  

После вчерашната изјава на Артан Груби од ДУИ, денеска и неговиот сопартиец министерот за надворешни работи Бујар Османи упати апел Заев да остане на премиерската функција , да не се загрозат евроинтегративните процеси и државата да не влезе во нови проблеми.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бара од Заев, по поднесената оставка во партијата, да поднесе оставка и во Владата.

Total
0
Shares
Поврзани објави