Заев ја потврдил оставката од лидер на СДСМ и од функцијата премиер, го споменал Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврдил дека не се повлекува од напуштање на лидерското место во СДСМ и од премиерската позиција.

Истовремено , според извори од партијата, споменал дека треба да се одржат внатрепартиски избори за негов наследник и го споменал и Димитар Ковачевски како еден од можните наследници на лидерското место во СДСМ .

Инаку во тек е ЦО на СДСМ на кој треба да се потврди одлуката на ИО за одржување внатрепартиски избори за нов претседател на партијата на 12. декември.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири, пред седницата изјави дека се очекува Заев да ги информира до каде се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и да се отвори дебата во однос на неговата оставка.

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска изјави дека имаат повеќе теми за дискусија – следните чекори на партијата, околу парламентарното мнозинство, актуелната политичка состојба.

– Тоа ќе го дискутираме на Извршниот и на Централниот одбор бидејќи самите овие две седници се токму по негово барање, рече Лукаревска околу оставката на Заев.

Членот на Извршниот и на Централниот одбор Петре Шилегов, пак, изјави дека треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата. Според него, тоа е извесно да се случи и како што кажа, очекува тоа да биде примарно на дебатата и формирањето на Владата.

– Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енергетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки. Не знам дали ќе се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев. Ова е редовна седница која беше закажана во вторникот меѓутоа се одложи поради немилите настани во Бугарија, изјави Шилегов.

извор: Канал5.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави