Заменикот успеа да ја разреши Дамева по кавгите, таа кажа: Одредени лица од политиката ќе бидат задоволни со ова

Претседателката на Судски совет, Весна Дамева е разрешена од функцијата, констатираше нејзиниот заменик Селим Адеми. По кавгите кои траеа скоро четири часа, а откако Дамева одби да се стави на гласање точка која ја немаше на дневен ред, нејзиниот заменик реши да се гласа со кревање рака. Седум членови го поддржаа заменикот, кој го презеде раководењето на седницата при нејзино присуство.

„Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи сос едницата. Утре во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена“, констатираше заменикот претседател на Судски совет, Селим Адеми.

Дамева бараше да се констатира дека и е одземено раководењето со седницата иако таа е присутна.

„Претседателот иако е во салата, заменикот самоволно му го одзема раководењето и става точка на дневен ред. Јас сум ваш заложник и на луѓето кои ви дадоа налог за седницата да се прекине“, кажа Дамева.

На крајот, Дамева кажа дека ако оваа одлука биде озаконета, лица од политиката ќе бидат задоволни.

„Ви благодарам многу, ме спасивте мене, оваа одлука е противзаконска. Но нечии желби треба да бидат исполнети. Со гласање од седум гласа, каде нема утврдено ниту основ за разрешување, ниту број на гласови со кои се носи одлуката, ме разрешуваат… Ова не знам како ќе заврши, освен што одредени лица од политиката ќе бидат задоволни од ова. Судскиот совет с вклучи во анархија. Се излезе од контрола. На мое присуство ми зема право на збор. Избор се прави со осум гласа, а се зема мандат со седум гласа“, додаде Дамева.

Посочи дека многу работи да бидат уште полоши.

Total
0
Shares
Поврзани објави