Заменик министерот за здравство си поднесе оставка: Ништо над достоинството

Заменикот министерот за здравство, доктор Илир Хасани, преку својот фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата.

-Во вакви сериозни моменти за сите нас, давам оставка како највисок морален чин. Дури и покрај фактот дека немам никаква врска со постапките за модуларните болници, иако немам ништо друго со организацискиот дел, оставката е најмал чин што можам да го сторам во овој момент, да ги почитувам жртвите, повредените, мислењето и најчесто самите себе. Ништо над достоинството!, напиша Хасани.

Тој пред да стане заменик министер, беше директор на Ургентен центар.

Претходно, доктор Флорин Бесими, кој ја извршуваше функцијата директор на Клиничката болница во Тетово поднесе оставка.

Total
0
Shares
Поврзани објави