Запленет 1,6 тон кокаин во Подгорица, уапсена жена

Во акцијата на Секторот за борба против криминал (СБПК), Центарот за безбедност Подгорица, Центарот за безбедност Бар и полицијата синоќа извршија претрес во повеќе објекти во главниот град на Црна Гора, пренесува Вести.ме.

Откако синоќа запленија рекорден 1,6 тон кокаин, полицијата ја уапси М.К. од Подгорица, додека останатите осомничени се во потрага.

Полицијата денеска продолжува со активностите на тој предмет.

Според неофицијални извори за Вести.ме, полицијата вчера запленила големи количини на кокаин, а станува збор за повеќе од илјада килограми дрога.

Дрогата била запленета во еден од магацините кои ги пребарувала полицијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави