Затворска казна од 18 години за Ангелче Николов кој усмрти 11 годишно девојче на пешачки во Велес

Велешанецот кој пијан и со огромна брзина удри мајка и ќерка на пешачки премин во Велес, при што 11 годишната Магдалена почина, е осуден на вкупно 18 години казна затвор.

„Обвинетиот безобзирно го напуштил местото на несреќата, се криел повеќе од 30 часа, не се интересирал што се случило со оштетените. Самото пријавување судот не го зема како олеснителна околност. Двапати е казнуван за возење во алкохолизирана состојба. Признавањето на вината не се зема како олеснителна околност, затоа што судот не стекна предвид дека има кај него жалење и каење. Судот донесе пресуда – Ангелче Николов на 17.12.2022 управувајќи автомобил „мерцедес“ стори тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот и неукажување помош на повредени лице во сообраќајна незгода, па за двете дела се осудува на единствена казна затвор 18 години“ соопшти Судскиот совет денска на судењето во Велес.

Николов 5 години има забрана за управување со моторно возило, а времето поминато во затвор не се зема во предвид.

Total
0
Shares
Поврзани објави