Здружението на лекарите по семејна медицина не го поддржува штрајкот на матичните лекари

-Управниот одбор на Здружението на лекари по семејна медицина (ЗЛОМ-СМ) донесе одлука за неподржување и неучествување на најавениот штрајк на матични лекари од 05.09.2022 до 07.09.2022 поради несогласување со дел од барањата кои беа наведени како причини за штрајкот и истите беа донесени без концензус од трите здруженија на матични лекари, се вели во денешното соопштение од Здружението.

Според ЗОЛМ современо примарно здраство и комплетно нов модел на примарно здраство е потребен во земјава во кој ќе се успее да се стимулираат младите доктори да работат како матични лекари. Моменталниот модел на вегетирање и одржување во живот со продолжување на работниот век на лекарите, нагласуваат, е комплетно неодржливо решение.

Total
0
Shares
Поврзани објави