Зеќири останува во притвор

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди првостепеното решение за притвор, потврдуваат од Апелациониот суд за „Фокус“.

Од судот појаснуваат дека гаранцијата која ја понудил Зеќири воопшто не била разгледувана, бидејќи покрај опасноста за бегство, притворот му е одреден и поради опасност да ја попречи истрагата.

Зеќири пак пред неколку дена на јавната седница истакна дека нема да бега, и дека ако сакал да го стори тоа на располагање имал повеќе од една година.

Тој негирше вина во предметот каде се гони дека склучил договор за консултантски услуги со фирма без спроведена јавна набавка, со што според обвинителката го оштетил буџетот. Освен Зеќири, осомничени во случајот се двајца хрватски државјани. Тие се недостапни за органите на прогонот и за нив е распишана локална и меѓународна потерница.

Мухамед Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Total
0
Shares
Поврзани објави