Зеленски побара единство на Г 20 за да се стави крај на војната во Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски ги повика лидерите на Групата 20 индустриски развиени и земји во развој (Г20) да ги надминат поделбите со цел да придонесат за завршување на војната во Украина.

Зеленски, кој се врати од Херсон, град во јужна Украина кој беше вратен под контрола на украинските сили, беше еден од првите што им се обрати на лидерите на самитот преку видео врска.

„Убеден сум дека сега е време да се запре уништувачката војна на Русија. Војната може да се запре. Не може да има оправдување за нуклеарна уцена“, додаде Зеленски, особено заблагодарувајќи се на „Г19“, групата, со што ја исклучи Русија од оваа моќна група.

Рускиот претседател Владимир Путин не присуствува на самитот, но неговиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е на Бали.

Војната во Украина официјално не е на дневен ред на самитот, но темата доминира на состанокот.

Total
0
Shares
Поврзани објави