Земјотрес кај Струмица, го почувствувале и жителите на Валандово

Потрес со јачина од 2,2 степени е регистриран вечерва во југоисточниот дел од државата, а епицентарот е во близина на Струмица, соопшти скопската Сеизмолошка опсерваторија.

„Телеметриската сеизмолошка мрежа, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 19 часот, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 120km југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Струмица“, велат сеизмолозите.

Потресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML2.2, а го почувствувале жителите на Струмица, Валандово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, додаваат од Сеизмолошката опсерваторија.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Три медицински сестри, вработен во техничка служба на Инфективното одделение во Кумановската болница, доктор кој работи во Скопјe и четворица пазарни инспектори, еден санитарен инспектор, новозаразени во кумановско

Во Центарот за јавно здравје во Куманово, денеска се регистрирани 24 новозаболени од коронавирус. Од нив 15 се…