Изгоре девојче од струен удар во вагон цистерна

Во големиот пожар што синоќа се случи во скопската населба Илинден потврдено е дека е најдено опожарено тело на малолетно лице во вагон-цистерна.

Командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Ѕвонко Томевски вели дека пожарот е изгаснаст многу брзо, но дека несреќата била фатална за едно лице. „Малолетно девојче изгорело од струен удар“. – Имавме пријава за опожарен вагон цистерна. Интервениравме со две возила и седум пожарникари и пожарот е веќе изгаснат. Затекнато е опожарено тело на вагонот цистерна, вели Томевски.

Починатото лице било горе на вагонот и се запалило од силен струен удар од електричните жици над вагоните кои биле полни со нафтени деривати.

Случајот во МВР го пријавил дежурниот во Македонски железници.

Инаку, претходно регионалниот Центар за управување со кризи на Скопје синоќа информираше дека точно во 21.05 часот од Македонски железници бил пријавен пожар на цистерна на железничката станица „Илинден“, и Центарот потврди дека во несреќата има починато лице.

Во деталното соопштение ЦУК Скопје наведува дека пожарникарите го изгаснале пожарот и дека информирале оти има едно починато лице. Во информацијата било наведено дека на местото на настанот пристигнати биле претставници на Итна медицинска помош, полицијата и на скопското Јавно обвинителство и кои постапувале согласно нивните процедури.

Total
0
Shares
Поврзани објави