Илон Маск: Твитер може да ја добие опцијата што корисниците ја бараат со години

За само 24 часа Илон Маск направи вистински шок на Твитер. Акциите на компанијата вртоглаво пораснаа и благодарение на тоа, корисниците на оваа социјална мрежа може да добијат една од опциите што ја бараа со години.

Да потсетиме, Маск најпрво објави дека поседува нешто повеќе од 9 отсто од акциите на Твитер, што ја катапултираше цената на акцијата, а набргу потоа објави анкета на Твитер во која ги праша корисниците дали сакаат можност да уредуваат објави на Твитер. Досега во анкетата гласале повеќе од 3 милиони корисници, а се чини дека гласовите би можеле да резултираат со конкретна одлука и воведување на опцијата за уредување. Имено, неговата анкета беше ретвитана од извршниот директор на компанијата Параг Агравал, кој коментираше дека „нејзините последици ќе бидат многу важни“.

Јасно е дека алудира на тоа дека наскоро навистина може да очекуваме воведување на оваа опција која многу корисници со години ја бараат од оваа социјална мрежа.

Но, тоа не е се. Како што соопшти денеска Агравал преку Твитер, најголемиот акционер Маск ќе стане член на одборот на директори на Твитер. Извршниот директор на компанијата напиша дека Маск страсно верува во Твитер, но е и голем критичар на социјалната мрежа, што е токму она што му треба на Твитер. А што конкретно можеме да очекуваме од Твитер чиј одбор има човек кој сака да направи револуција во автомобилската индустрија и чија визија е да ги однесе луѓето на Марс и да направи колонија таму, останува да видиме.

Засега тој најави дека можеме да очекуваме „значителни подобрувања“ – така што првиот чекор во оваа насока би требало да биде опцијата за уредување на објавите, а интересно ќе биде да се види какви идеи и визија има Маск за неговата омилена социјална мрежа.

Total
0
Shares
Поврзани објави