Инспекција на бродот со жито од Одеса што синоќа пристигна во Истанбул

Претставници на Заедничкиот координативен центар во Истанбул утрово започнаа инспекција на првиот товарен брод со украинско жито, кој се закотви во близина на Босфор, соопшти Министерството за одбрана на Турција.

Не е прецизирано колку долго ќе трае проверката. Според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, увидот ќе трае околу два часа.

За време на инспекцијата, претставниците на Турција, Русија, Украина и ОН ќе ги проверат документите на екипажот, карго документите, ќе го прегледаат бродот, а потоа ќе го потпишат конечниот извештај. 

Доколку претставниците на Здружениот центар немаат забелешки, бродот уште денеска ќе добие дозвола да плови кон Либан. Патувањето до таму ќе трае 5 до 6 дена.

Товарниот брод „Разони“ со речиси 27 илјади тони пченка, кој плови под знамето на Сиера Леоне, во понеделникот во 9 часот и 20 минути исплови од пристаништето Одеса, а вчера пристигна во Истанбул.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Нови гранатирања во Киев

Рано утрово, на социјалните мрежи се појавија непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје. Оливер…