И денес нема зејтин , се очекува деновиве увоз од Србија

На полиците во најголемиот дел од маркетите низ Македонија и денеска нема зејтин. Кризата со овој основен прехранбен производ и натаму продолжува. Одлуката за тргање на забраната за увоз на масло за јадење, денеска е објавена во Службениот весник на Србија. Тоа значи дека сега на ред се компаниите од двете држави кои имаат склучено договори за трговија на масло за јадење.

„Маслото за јадење кое се увезува од Република Србија, официјално започнува да пристигнува од денеска. Динамиката за тоа како ќе тече увозот на маслото и дистрибуцијата до маркетите зависи од договорите на компаниите“, наведуваат од Министерството за земјоделство.

Според информации на Алсат дел од фабриките во земјава кои произведуваат масло за јадење се соочуваат со недостиг на суровина за производство на готов производ.

Додека граѓаните на Македонија го чекаат зејтинот да стаса од Србија, податоците од терен или производителите велат дека тој зејтин нема да им врши работа бидејќи нив им недоставува суровина за подготовка на масло за јадење. Ќе бидат приморани тоа да го набават од друга држава и тоа по повисока цена, што значи дека и натаму цената на зејтинот во маркетите ќе расте.

Но, проблемот за недостигот на масло за јадење во продавнициите не лежи само кај производителите на кои им недостигаат суровини, туку и кај компаниите кои иако имаат резерви на зејтин не го продаваат на трговците зашгто бараат веднаш да им биде платено, а не одложено на неколку месеци.

Србија се смилува и ја спушти рампата за извоз на масло за јадење во Македонија. Властите од земјава пак дадоа препорака до трговците да ја ограничат продажбата на граѓаните, се со цел да не се купуваат големи количини од индивидуалци туку да се набавува колку што е потребно за едно домаќинство. Литар земјтин се продава по цена од над 100 денари.

alsat.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави