Камчев бара 1,5 милиони евра од Боки 13, Јанева и државата

Бизнисменот Орце Камчев бара Бојан Јовановски, Катица Јанева и државата да му надоместат 1,5 милион евра, поради што ги тужи пред Граѓанскиот суд, објави „Фокус“.

Тој ги бара парите кои наводно им ги дал на осудените во “Рекет”, иако додека траеше кривичната постапка, бизнисменот немаше статус на оштетен, туку на сведок.

Според адвокатите вклучени во процесот, Камчев парите ги бара од Јовановски, поранешната специјална јавна обвинителка, од Државното правобранителство, Владата и СЈО.

На листата на тужени е и Зоран Милевски Кичеец, но денеска неговите адвокати доставиле изјава од Камчев со која вели дека нема побарувања од Милевски. Не е јасно зошто не ја повлекол тужбата против него.

Она што е нејасно е и зошто бизнисменот бара сума од 1,5 милиони евра, кога наводно во торбата што му ја дал на Боки-13 имало еден милион, а во несесерот кој неговата сопруга Ана наводно го однела во неговиот дом, имало 350.000 евра. Остатокот, пак, од 150.000 евра требало да ги обезбеди Кичеец.

Овие пари никогаш не беа пронајдени, ниту пак торбата „Луј Витон”. Адвокатите реагираа дека доколку во торбата имало еден милион евра таа требало да тежи 23 килограми, а на снимките од домот на Камчев се гледаше како Кичеец лежерно ја префрла торбата од една во друга рака како да не носи толкава тежина.

За случајот “Рекет”, Јовановски беше осуден на казна затвор од 13 години, Јанева на 9 години, а Кичеец на 3 години затвор, по признание на вина.

Total
0
Shares
Поврзани објави