Камчев во судница позитивен на ковид !

Позитивен на коронавирусот бизнисменот Орце Камчев присуствуваше на  судењето за  „Плацeви на Водно“ во кој е обвинет, потврди неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето.

-Обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен со симптоми на висока температура и доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирани присуство на Ковид 19 на брз антигенски тест на Ковид 19. Согласно Уредбата на Владата обвинетиот Камчев треба да е во самоизолација, но тој е присутен бидејќи се уште нема Решение -рече адвокатот Ристовски.

Обвинителката Лиле Стефанова пак рекла дека тестот кој бил направен вчера покажува дека лицето некогаш имало контакт со вирусот, а не дека е позитивен.

На судењето кое по ова се одложи, не беа присутни ниту сведоците Коце Трајановски, Дејан Митровски и Александар Бичиклиски.

Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, Орце Камчев и неговата мајка Ратка Камчева,  поранешниот прв раузнавач Сашо Мијалков, во предметот Плацеви на Водно обвинети се и Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Total
0
Shares
Поврзани објави