Камчев ја сменил адресата на живеење во Охрид, ќе одлежува казна во затвoрот во Струга

Бизнисменот Орце Камчев затворската казна за случајот „Империја“ ќе ја издржи во затворот во Струга бидејќи во судот доставил промена на адреса на живеење од Скопје во Охрид. На ист чекор се одлучил и Ненад Јосифовиќ, исто така осуден во „Империја“.

-До Основниот кривичен суд Скопје на 05.05.2022 година од бранителите на Ј.К. и Н.Ј., осудените со пресудите врз основа на предлог спогодба во наведениот предмет, доставено е известување за промена на адресата на живеење и тоа од адреси во Скопје на адреси во Охрид.

Судот ги изврши сите неопходни увиди за да ја потврди доставената информација, а по констатирање дека осудените лица во текот на постапката извршиле промена на адресата, Кривичниот суд, согласно член 7 став 2 од Законот за извршување санкции, според кој надлежен суд за извршување на санкцијата е судот според местото на живеење, денеска го достави предметот на понатамошно надлежно постапување на Основниот суд во Охрид.

Во затворот во Струга казната затвор ја издржа и Зоран Милевски Кичеец.

Камчев изминатата недела доби упатен акт за во затвор, односно за да ја издржи затворската казна од една година која ја доби за случајот „Империја“, по направената спогодба.

Сепак Камчев има законска можност да побара и одложување на издржувањето на затворската казна, поради повеќе причини како што се грижа за деца, болест и сл.

Една од можностите е и Камчев да побара одложување се до правосилноста на пресудата за ,,Плацеви на Водно”, за што исто така беше осуден на казна затвор од една година. Во тој случај се определува единечна казна, но и се собира времето кое го поминал во притвор. Бизнисменот за ,,Империја” беше 4,5 месеци во притвор, а за ,,Плацеви на Водно” 9,5 месеци.

Камчев, покрај затворската казна плати и 5,2 милиони евра штета.

Total
0
Shares
Поврзани објави