Катастрофален земјотрес: Стотици загинати во Авганистан

Во земјотресот во пограничната област меѓу Авганистан и Пакистан се јавува дека загинале над 250 луѓе, а стотици се повредени. Распоредувањето на спасувачите во оддалечените планински региони се одвива тешко.

Според досегашните информации од локалните власти во погодените области во Авганистан, најмалку 255 луѓе загинале во силниот земјотрес почувствуван  авганистанско-пакистанскиот пограничен регион. Уште најмалку 155 лица се повредени во земјотресот во провинцијата Пактика, јави авганистанската државна новинска агенција Бахтар.

Земјотресот за кој најнапред беше јавено дека имал интензитет од 6,1 степени по Рихтеровата скала во средата во раните утрински часови ги погоди густо населените Авганистан и Пакистан.

Американскиот геолошки завод (УСГС) пак подоцна објави дека земјотресот имал интензитет од 5,9 степени. Според УСГС, епицентарот на земјотресот бил на околу 50 километри југозападно од градот Хост во близина на границата со Пакистан на длабочина од околу десет километри.

„За жал, минатата ноќ дојде до силен земјотрес во четри области во провинцијата Пактика, во кој настрадаа и се повредени стотици наши сограѓани и уништени се десетици куќи“, напиша на Твитер Милал Карими, портпарол на владата.

Тој ги повика сите итни служби веднаш да испратат екипи на терен за да се спречи натамошна катастрофа.

Поголемиот број смртни случаи се забележани во покраината Пактика, рече Мохамад Насим Хакани, челник на талибанската влада за управување со катастрофи.

Починати има и во источните покраини Нангархара и Кос, додаде тој.

Земјотресот се почувствувал во распон од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и во Индија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. 

Total
0
Shares
Поврзани објави