Катица Јанева однесена во затворот „Идризово“

Катица Јанева е спроведена од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија во затворот „Идризово“, каде треба да ја одлежи затворската казна за случајот „Рекет“. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска го потврди ова за „А1он“ и додаде дека спроводот е без упатен акт од судија за извршување на санкции, кој требаше да го издаде судот во Гевгелија.

„Спроведена е во ‘Идризово’ без упатен акт, што сметаме дека е спротивно на Законот за кривична постапка. Ќе поднесеме вонреден правен лек до Врховниот суд“, вели Фрчковска за „А1он“.

Јанева е осудена на седум години затвор. Скопска Апелација ја потврди казната. Таа од изрекувањето на првостепената пресуда па до сега, беше во домашен притвор поради опасност од бегство. Вчера во ‘Идризово’ беше спроведен и Бојан Јовановски, кој доби деветгодишна затворска казна.

Total
0
Shares
Поврзани објави