Католиците, протестантите и дел од православните верници денес го чествуваат Божиќ

Католичките и протестантските верници и дел од православните христијани, кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово – Божиќ. Традиционално, во државава централната прослава по повод празникот се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во Скопје, каде синоќа имаше божиќна света литургија.

На литургијата присуствуваа определен број свештени лица и верници согласно протоколите за заштита од ковид-19, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Бискупот скопски и струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, честитајќи им го празникот Божик на католичките верници на литургијата ја прочита божикната проповед.

– Драги браќа и сестри! Божиќ е. Со овој празник го славиме Христовото раѓање, овоплотувањето на Божјиот Син, кој, како што исповедаме во Верувањето, „Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение слезе од небото. И се овоплоти од Светиот Дух и Дева Марија и стана човек.” Тоа е христијанската вера. Ние веруваме дека овој настан е конечното откровение на Бога во историјата на спасението, кое никој и ништо не може да го надмине. Во Посланието до Евреите читаме: „Бог, кој во старо време, откако многупати и на многу начини им зборуваше на нашите претци преку пророците, конечно во последниве денови ни зборува преку Синот” (Евреите 1,1).

Total
0
Shares
Поврзани објави