Кај уапсените полицајци на Табановце најдени кутии со пари, тие тврдат дека се подметнати

Во големата вчерашна акција на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница, вчера биле уапсени еден командир, заменик командир и осумина полицајци, јавуваат домашните медиуми. Иако МВР официјално се чека да излезе со соопштение за настанот, дел од медиумите велат дека претреси имало и во домовите на командирот и заменик командирот.

Според неофицијални информации, специјалците кои вршеле претрес пронашле пари во кутии од цигари. Истите биле во кабините на полицајците. Службениците пак во исто време тврделе во судот дека кутиите биле подметнати.

Натписите во медиумите говорат дека од вчеравечер, до утрово, уапсените беа во Кривичен суд, додека уапсените во исто време ја негираат вина и сите тврдат дека парите им биле подметнати.

Total
0
Shares
Поврзани објави