Клинт Иствуд се збогува со филмската кариера:„Прекасно е за мене. Времето лета“

Легендарниот актер и режисер, Клинт Иствуд на својот профил на Твитер објави симболична порака во која многумина „прочитаа“ крај на неговата извонредна кариера.

„Мислам дека да се остари грациозно е многу важен талент. Прекасно е за мене. Времето лета“ – напиша славниот актер покрај колажот со фотографии од неколку од неговите најистакнати улоги.

Иако официјално се уште не потврдил дека се повлекува од филмскиот свет, многумина мислат дека со оваа објава 91-годишниот актер всушност најавува крај на својата кариера.

Клинт Иствуд се прослави со улогите на каубоец во вестерн филмовите, а подоцна и се посвети на режијата. На филмската сцена тој е повеќе од 60 години, а публиката најмногу го памети како Човек без име во вестерн-филомвите на Серхио Леоне – „За грст долари“, „За долар повеќе“ и „Добар, лош, зол“.

Во својата богата филмска кариера Клинт Иствуд има освоено Оскари за најдобра режија и најдобар филм „Непомирливи“ во 1993 и за “Девојка од милион долари“ во 2005 година.

Total
0
Shares
Поврзани објави